Скопје

НетПрес: Членови на арачиновската криминална група изрешетани во Чаир

Членови на арачиновската криминална група вчера вечер околу 20 часот биле изрешетани во Чаир, дознава „НетПрес“, според чии извори се работи за Н. Ајети и Б. Ајети.

Во овој напад тие биле тешко ранети, а потоа биле однесени во градската болница. Едниот од нив е со повреди во абдоменот, а вториот во карлицата.

Полициски извори за НетПрес информираат дека двајцата се припадници на арачиновската криминална група.

Информациите од градската болница велат дека еден од нив е во животна опасност, а другиот е во критична состојба, бидејќи имаат прострелни рани.

фото: Архива

На почеток