Свет

(ВИДЕО) Зоран Милановиќ е новиот претседател на Хрватска

Зоран Милановиќ стана новиот претседател на Република Хрватска.

Според првичните  неофицијални резултати, Милановиќ е со предност од 100 000 гласови од 95 проценти обработени гласачки ливчиња.

По објавувањето на овие резултати започна прослава во штабот на Милановиќ, по што тој се огласи на социјалните мрежи и им се заблагодари на сите што гласале за него и учествувале во кампањата.

120.000 граѓани повеќе од првиот круг излегоа на гласачките места. Но, гласачите на независниот кандидат Мирослав Шкоро, кој беше трет во првиот круг, останаа дома, и не го дадоа гласот за Грабар Китаровиќ која се надеваше на нив за нов петгодишен мандат.

фото:Tanjug

На почеток