Македонија

ВМРО ДПМНЕ: Со над 4.100 партиски вработувања за само 2 месеци, Заев фрла тешка дамка на изборите

Владата на СДСМ призна дека за само два месеци вработиле 4.131 партиски војник. Владата на СДСМ не негираше дека ја зголемиле администрацијата за над 4.100 партиски вработувања за само 2 месеци. Тоа значи дека СДСМ веќе на овие избори фрли темна дамка со тоа што вработувала партиски војници кои се извор на непотизам. Ова преставува изборна корупција со која Заев сака да се спаси од пораз и да избега од одговорност за криминалите. Овие вработувања се случуваат откако СДСМ знаеше дека ќе има техничка влада и извесни избори, што значи дека вршела свесно нарушување на изборниот процес. Овие партиски вработувања кои се извор на заразата на непотизам се исклучиво во функција на купување на партиски мир, и вработување на деца, братучеди, сестри и браќа на функционери на СДСМ.

Во ниту една нормална држава не се вработува армија на партиски избори, особено не пред избори. Нема ниту едно оправдување за вака енормно зголемување на администрацијата во пресрет на изборите. Зад секој вработен партиски војник на СДСМ стои по еден разочаран граѓанин чии квалитети не се препознаени од владата. Токму затоа се случува иселување на квалитетни кадри.

Партиските вработувања нема да ја спасат владата во заминување. Борбата на Заев е за спас од одговорност за неговите криминали. СДСМ паѓа, а обновата доаѓа.

фото: Архива

 

На почеток