Македонија

МВР: Груевски е во Будимпешта и побарал азил

МВР вечерва потврди дека поранешниот премиер Никола Груевски е во Будимпешта. Груевски попладнево на Фејсбук објави дека е во Будимпешта и дека ќе бара политички азил.

– По направените соодветни проверки, Министерството за внатрешни работи утврди дека лицето Никола Груевски, кое се бара заради извршување на казна затвор во траење од две години за сторено кривично дело- примање награда за противзаконито влијание, се наоѓа во Република Унгарија. Министерството за внатрешни работи на Република Македонија доби и потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Република Унгарија и дека побарал азил. Министерството за внатрешни работи го информира Основниот суд Скопје 1, по што Судот треба да издаде решение за распишување на меѓународна потерница за осуденото лице Никола Груевски, соопшти МВР.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток