Македонија

Јанакиески: Најостро го осудувам бегството на Никола Груевски

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески за ТВ 21 изјавил дека најостро го осудува бегството на Никола Груевски.

– Најостро го осудувам ваквиот чин, бидејќи ќе влијае негативно на судските предмети во целост, а посебно во оние предмети каде сме заедно обвинети – изјави Јанакиески.

Тој додава дека не планира да бега од Македонија и дека моментално е во Скопје, најави и појавување на утрешното судско рочиште за предметот „Титаник“.

Тој бара од медиумите да информираат објективно и повика да се престане лицитирањето за идни притвори и притисок врз судот.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток