Од рано утрово во притворени се поранешниот минситер Миле Јанакиески и поранешниот владин секретар Кирил Божиноски, а притворањето уследи од како од државата побегна Никола Груевски, потврдуваат од Судот за Скопје1.мк.
Од Судот потврдуваат дека доцна ноќеска е издадена наредба за одредување мерка притвор заради постоење опасност од бегство.
Јанакиески е обвинет во пет случаи на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за кои судењата течат, а е спомнат во речиси сите истраги на СЈО.
Кирил Божиновски, како поранешен генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ е обвинет во случајот со изборни нерегуларности „Титаник“.