Македонија

Земјотрес почувствуван во западна Македонија, епицентарот во Црна Гора

Земјотрес, чиј епицентар се наоѓа 180 километри западно од Скопјe, во Република Црна Гора, е регистриран денеска во 14 часот и 47 минути.

Како што соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, неговата Рихтерова магнитуда изнесува 4,4, а беше почувствуван од населението во западните делови од Републиката со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток