Денска за МИА Скопската епархија информираше дека до сега се пријавени 45 лица за учество во традиционалното спуштање на крстот во Вардар во центарот на Скопје на 19 јануари на Богојавление- Водици.
– Пријавените треба да бидат на возраст над 18 години. Досега меѓу пријавените нема жени. Кандидатите прво прават бесплатен лекарски преглед во Спортска медицина, кој е задолжителен, по што се пријавуваат во Македонската архиепископија, информираат од Скопската епархија.
Пријавувањето почна на 2 јануари, а завршува на 17 јануари.
Спуштањето на крстот во водите на Вардар ќе биде на 19 јануари напладне од мостот кај хотелот „Холидеј Ин“ и ќе го изврши поглаварот на Македонската православна црква г.г. Стефан.
фото: Архива