Македонија

Ненадејно почина Игор Гонзо Ивановски, погребот е денеска

Вчера рано наутро ненадејно  почина 44 годишниот доајен во автомобилизмот на нашите простори Игор Гонзо Ивановски.  Тој беше поим за другарување, секогаш прв да подаде рака кога е најпотребно, секогаш тука кога е потребен совет, секогаш тука со македонските автомобилски клубови, речиси и да не започнуваше ниеден авто-собир без неговиот шарм и говор.

Зад себе остави успешна сопруга и синче.

Погребот ќе биде денеска од 14:00 – 15:00 часот „Капела БУТЕЛ“ – Скопје

Сочувство до фамилијата и најблиските!

На почеток