Почина 38 годишката кавадарчанка што се здоби со тешки повреди во верижниот судар, кај „Пуста Кула“ на автопатот Велес – Скопје. Жената почина на КАРИЛ, како последица на повредите на главата.
Во несреќата повредени беа и нејзиниот сопруг и внука, сите од Кавадарци кои со полесни повреди завршила во велешката болница, каде што се задржани на понатамошна опсервација.
Инаку во несреќата која се случи утрово се судрија седум озила, од кои едно избегало од местото на несреќата.
Заради узвршување на увид и отстарнување на возилата, патниот правец Велес-Скопје беше затворен околу пет часа, по што сообраќајот се нормализира.
фото: Сител.мк
