Вечарва во земјава сообраќајот на државнита патишта се одвива тековно по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла има од Тетово до с.Гајре 20 м, Павлешенци 30 – 50 м и Гостивар 50 – 100 м.
На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
фото: Архива
