Македонија

Пендаровски за МКД.МК: Кој и да победи на изборите, шансите за промена на Договорот од Преспа се еднакви на нула

Мојот впечаток од оваа позиција е дека техничката влада почна на многу лош начин да функционира. Техничката влада од првиот момент, не навлегувајќи чија е вината повеќе или помалку, не настапи како тим, оценува претседателот Стево Пендаровски. Во интервју за МКД.мк тој вели дека актуелната политичка структура најмалку испорача или најмногу потфрли во сферата на правосудството и го пренсува ставот на комесарот за проширување Вархеји дека законот за Јавно обвинителство не е поставен како формален услов на ЕУ, но „во некои европски градови поставуваат прашања од типот нели би било добро и тој закон да се донесе“. Што се однесува до односите со соседите, најзагрижен е од Декларацијата на бугарската Влада. „Таа декларација е со прилично негативна реторика и на неколку места, по мое убедување, директно го поткопува Договорот за добрососедство“, вели Пендаровски.

фото: Архива

На почеток