Македонија

(ВИДЕО) Пулмолог: Ефектите од загадувањето ќе ги почувствуваме за 10 години

Пулмологот Тања Радосавлевиќ вели дека ефектите од загадувањето ќе ги осетиме после 10 години. Тешките метали не го напуштаат телото, објаснува таа. Олово, никел кадмиум, се честички кои предизвикуваат рак во организмот. Сето ова што го поминуваме последниве години, а годинава достигна кулминација со загадувањето се таложи во нашиот организам, вели таа за српската N1.

Токсичните гасови, од кои најопасни се PM честичките, PM 10 и PM 2,5 тоа се уште помали честички кои се под 2,5 микрони. Тоа што тврдат дека состојбата е иста како претходните години е крајно неточно, објаснува Радосавлевиќ.

„Природаната заштита не помага. Затоа што честичките премногу мали и во најситни делови навлегуваат во плуќата. Можат да го оштетат ткивото и да одат директно во крвта. Овие честички предизвикуваат тешки хронични болести. Аерозагадувањето не е од типот некој да излезе да му се слоши и да почине са лице место, вели таа.

На почеток