Македонија

Градоначалникот на Шуто Оризари, Куртот Дудуш призна вина па доби опомена

Градоначалникот на Шуто Оризари, Куртот Дудуш денеска во Кривичен ја призна вината за напад врз Демир Исмаил. Тој додаде дека жали за стореното. По признанието, судијата Ѓоко Ристов му изрече казна „судска опомена“.

Демир Исмаил кој е претседател на Европската ромска дијаспора „Асва“, го обвини Дудуш, дека го нападнал за време на одржувањето на ромскиот бал.

Исмаил смета дека причина за нападот е тоа што неговата организација донира храна и облека за жителите на општината, но тоа не му се допаднало на Дудуш и се обидувал да го спречи.

фото: Архива

На почеток