Магазин

(ФОТО) Слонче плачело 5 часа откако било отфрлено од својата мајка

Врската помеѓу мајката и своето чедо е една од најмоќните сили на светот. Тоа е нешто најчисто, нежно, силно, храбро, истрајно и посветено. Но, понекогаш новороденчињата остануваат сами. Токму тоа се случило и со ова слонче. Неговата мајка го отфрлила по раѓањето, го прегазила, но за среќа преживеал, објави Среќа.мк.

Сепак, персоналот во природниот резерват „Шиндијашан“ за диви животни во Кина кои му ги излекувале раните верувале дека станува збор за несреќен случај и откако ги санирале повредите, повторно го вратиле кај мајката. Но, за жал таа го нападнала повторно и поради тоа го одвоиле од неговата мајка засекогаш. Кутриот слон плачел цели 5 часа поради тоа и покрај сите напори на персоналот да го развеселат.

По некое време, и ова слонче се привикнало и сега живее среќен живот. Тој денес е посвоен од чуварот кој го спасил во резерватот за диви животни во Шендијаошан.

Текстот во целост на: Среќа.мк

фото: Среќа.мк

На почеток