Магазин

„Врба“ од режисерот Манчевски руши рекорди – надминал 30.000 гледачи во земјава

Продукцијата „Банана филм“ соопшти дека „Врба“ на режисерот Милчо Манчевски го надминал бројот од 30.000 гледачи. – Тоа е рекорд и ова е најгледан филм во државата за 2019, надминувајќи ги и холивудските блокбастери.

Во минатото, во времето пред интернет-стриминг генералната посетеност на сите кинопретстави беше на друго ниво. На пример, филмот „Прашина“ на Манчевски постави рекорд со 120.000 гледачи во 2001.

„Врба“ од неодамна се прикажува во Кинотека. Неодамна, пред преполна сала режисерот Манчевски се вклучи во разговор со публиката кој го модерираше филмската критичарка Марина Костова. Разговорот траше повеќе од еден час и во него беа дискутирани аспекти од „Врба“, но и од твоештвото на Манчевски воопшто.

Поради популарноста на филмот од Синеплекс и Кинотека објавија дека „Врба“ се враќа на нивниот репертоар. „Врба“ ќе игра во два термина дневно (18 и 20 часот) и тоа во: вторник 21 јануари, среда 22, петок 24, сабота 25, вторник 28, среда 29, четврток 30 јануари (само во 17 часот) и сабота 1 февруари. Филмот ќе продолжи да се прикажува и низ Македонија.

фото: Архива

На почеток