Магазин

Саудискиот принц го хакирал мобилниот телефон на Џеф Безос, Саудиска Арабија негира

Саудискиот принц престолонаследник Мухамед бин Салман го „хакирал” мобилниот телефон на официјално најбогатиот човек во светот и сопственик на американскиот Амазон, Џеф Безос, пишува британски Гардијан.

Според весникот, телефонот на Безос бил хакиран кога примил порака преку „Вацап“, која била испратена од личниот број на принцот на Саудиска Арабија, Мухамед бин Салман.

„Медиумските наводи кои сугерираат дека Кралството стои зад хакирање на телефонот на господинот Џеф Безос се апсурдни. Бараме да се спроведе истрага за да се утврдат фактите“, објави на „Твитер“ саудиската амбасада во САД.

„Гардијан“ објави дека според резултатите од форензичка анализа, пораката била кодирана и содржела податоци со вируси. За неколку часа биле преземени голем број податоци од телефонот на Безос, но, како што наведува „Гардијан“, не се знае нивната содржина.

фото: The Guardian

 

На почеток