Македонија

Дескоска: Законот за јавно обвинителство предвидува проширување на бројот на обвинители, но тоа не значи трансфер на обвинителите од СЈО

Според Министерката за правда Рената Дескоска шансите дали ќе се донесе или не законот за јавно обвинителство зависат од вистинската волја на ВМРО-ДПМНЕ.

– Држиме до ставот дека законот кој што ќе се донесе треба да ги имплементира меѓународните стандарди и да не овозможи амнестија на било какво кривично дело коешто се гони во моментот, е во истрага или е во предистрага. Она што го слушам во моментов како најави од ВМРО-ДПМНЕ за одредени забелешки, ако се остане на тоа, може да дојдеме до договор, но јас не можам да прејудицирам додека на писмено не ги видиме забелешките оти честопати она што декларативно го кажуваат и она што ќе го напишат во конкретен амандман се разликува и честопати во тие амандмани се кријат задни намери, особено за случаите на СЈО. Така што моите очекувања се  дека нивните амандмани би се движеле за предметите на ЈО и основи за разрешување на обвинителите. Она што мислам дека им е или лошо читање или намерен спин дека се вдомувале обвинители од СЈО во Обвинителството за организиран криминал е апсолутно неточно. Законот предвидува проширување на бројот на обвинители во Обвинителството за организиран криминал, за што ќе се распише конкурс и секој обвинител кој исполнува услови ќе може да конкурира. Тоа не значи трансфер на обвинителите од СЈО. Целта е да се создаде капацитетно обвинителство за организиран криминал – рече Дескоска.

фото: Архива

На почеток