Свет

Хеликоптер се урна во морето кај Шибеник

Хеликопер на хрватската војска падна во Јадранско море, недалеку од малиот остров Зларина, јавуваат хрватските медиуми. Веднаш по дојавата кон местото на настанот се упатени два брода на поморската полиција.

Несреќата се случила недалеку од Шибеник на подрачјето меѓу Заблаќ и Зларин, а, според хрватските медиуми, станува збор за хеликоптер „кијова ОХ-58 Д“ што се урнал за време на тренажен лет.

Последните информации се дека од водите на Јадранското Море каде се урна воен хеликоптер во близината на хрватскиот остров Зларин, извадени се две лица, но во каква сотојба не се соопштува пренесуваат медиумите.

Зларин се наоѓа југозападно од Шибеник. Засега не е познато колку лица се наоѓале во авионот, ниту, пак, што ја предизвикало несреќата.

фото: Tportal

 

На почеток