Свет

Се урна патнички авион во Авганистан, во него имало 83 патници

Патнички авион се сруши во источен Авганистан. Авионот се урнал во округот Дех Јак во провинцијата Газни, југо-западно од Кабул, истакна портпаролот на покраината за локалните медиуми. Тој додава дека авионот се запалил од технички причини.

Повикувајќи се на првичните информации Вахидула Лалимзаи, гувернер на провинцијата, рече дека авионот бил на националниот авганистански авио превозник Ариана Ерлајнс и дека во него имало 83 луѓе.

фото: Архива

 

На почеток