Скопје

Во сообраќајна несреќа загина легендата на македонската кошарка Благоја Георгиевски – Буштур

Една од најголемите македонски кошаркарски легенди Благоја Георгиевски – Буштур синоќа трагично загина во сообраќајна несреќа во 69-та година од животот.

Сообраќајката се случила во скопската населба Кисела Вода кога Буштур поради влажниот коловоз изгубил контрола над возилото и се забил во бетонските огради поставени покрај патот.

Популарниот Буштур важи за една од најголемите легенди во македонската кошарка, а речиси целата своја кариера ја помина во редовите на Работнички клуб со кој играше в Првата југословенска лига.

Благоја Георгиевски својата кариера ја помина во клубот Работнички, играјќи со македонскиот репрезент во Првата југословенска кошаркарска лига. Со успех настапуваше и за југословенската репрезентација со која имка сребрен медал на Европското првенство 1971 година. Има и сребрен медал од Олимпијадата во 1976 година.

Во независна Македонија беше селектор на сениорската репрезентација, тренер во неколку клубови, а подоцна и истакнат спортски работник.

 

На почеток