Властите на САД соопштија дека е откриен најдолгиот тунел за шверц на југозападната граница, кој се протега на 1.313 метри. Тунелот почнува во градот Тихуана, Мексико, до Сан Диего, САД.
Почетокот на тунелот се наоѓа во индустриската област во Мексико, наведе американската царинска и гранична служба, пренесе „АП“.
Како што е објавено, откако тунелот бил откриен кон крајот на август минатата година, мексиканската полиција пронашла влез во тунелот, а членовите на работната група во Сан Диего почнале да прават мапа.
Вториот најдолг тунел во САД, кој се протега на 904 метри, беше откриен во Сан Диего во 2014 година.
фото: Reuters
