ФБ статус на Владимир Ѓорѓев:
За нас во маало прво беше “татко му на Борјан”, потоа “чичко Благоја”, а дури после разбравме дека е кошаркарска легенда.
Имавме кош во маало, во Аеродром, а тој знаеше кошарка повеќе од сите други татковци.
На поминување ни покажуваше неколку финти, ни кажуваше како се игра одбрана, како се подава…
Почивајте во мир, чичко Благоја.
Таму горе, во вечноста, поздравете ги Дражен Петровиќ од Цибона и Драган Манце од Партизан.
https://www.facebook.com/VladimirGjorcev/photos/pcb.3144021928958580/3144021425625297/?type=3&theater
