Јавноста згрозена од видео клипот кој се појави на социјалните мрежи на кој се гледа како скопјанец јавно ги навредува туристи во Скопје, користејќи погрдни зборови бркајќи ги од земјава и насловувајќи ги „корона“. Настанот го осуди градоначалникот на Скопје Петре Шилегов. Тој ги повика надлежните да поведат истрага за инцидентот бидејќи остава сериозна дамка врз угледот на градот и земјата. Не’ на ксенофобијата и расизмот. Скопје отворен град. Град за сите, напиша меѓу другото Шилегов.
Но, кои се набрканите туристи?
„Денес основните училишта во Свети Николе беа посетени од тим на невладината организација “Heavenly Culture World Peace Restoration of Light (HWPL)“ од Сеул, Јужна Кореа. Одржаа работилници на тема ,,Мир, толеранција и меѓусебно разбирање“ со ученици од 7,8,12 и 13 години и ги наградија учениците со подароци.
Исто така при посетата беа договорени понатамошни активности кои ќе се развиваат со меѓусебна соработка, стои во објавата на градоначалникот, напиша градоначалникот на ФБ, постирајќи фотографии од угледните гости.
https://www.facebook.com/sasovelkovskizasvnikole/photos/pcb.684405782094190/684405395427562/?type=3&theater
фото: ФБ Сашо Велковски – Градоначалник на Општина Свети Николе
