Министерот во Владата на РСМ и претседател на Националната комисија за УНЕСКО Едмонд Адеми изрази задоволство што средбата со претставниците на Мониторинг-мисијата на УНЕСКО што се во Охрид бил констатиран напредок во одредени сегменти, но и биле посочени одредени насоки како да се постапува понатаму, објави МИА.
Експертите од УНЕСКО истовремено изразиле задоволство од комуникацијата со сите субјекти во земјата, властите на централно и локално ниво, нешто што не било случај изминатиот период.
Адеми во изјавата за медиумите денеска од Охрид посочи дел од активностите што беа спроведени во насока на исполнување на забелешките од УНЕСКО, како напуштање на плановите за изградба на ски-центар на Галичица и патот А3, формирањето меѓудржавен македонско-албански Комитет за заедничко управување со Охридското Езеро, санацијата на најкритичните точки на Колекторскиот систем, усвоениот План за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион (2020-2029) со Стратегиска оцена на влијанијата врз животната средина и културното наследство.
– Сега сме во процес на имплементација на останатото што бара повеќе време, како проектот за враќање на реката Сатеска во старото корито, процесите околу железницата и патот А2. Во соработка со експерти на УНЕСКО ќе се бараат решенија за сообраќајните проекти, се со цел да бидеме на иста линија по однос нивните барања, рече Адеми.
Телстот во целост на: МИА.
