Полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар, вчера околу 14.15 часот, во гостиварската населба „Фазанерија“ ја привеле 37-годишната А.Д. од Неготино, осудена на затворска казна за сторени кривични дела „тешка кражба“.
А.Д. била спроведена во Казнено-поправната установа „Идризово“ во Скопје за издржување на казната затвор.
фото: Архива
