Атлетичарката Дрита Ислами имаше добар настап на трката на 400 метри на првенството на Бугарија во сала, при што успеа да урне државен рекорд стар 40 години.
Таа го подобри рекордот од 1980 година во дисциплината на 400 метри, кој беше 56.49. Новиот државен рекорд кој го постави Ислами на трката во сала во Бугарија е 56.35.
https://www.facebook.com/photo.php?fbid=2825811914150499&set=a.150973271634390&type=3&theater
