Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ќ.Р.(66) од с.Добридол, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 27.05.2019 во угостителски објект во с.Добридол, гостиварско, пријавениот физички го нападнал И.Б. и му се заканил со пиштол. По преземени мерки пиштолот „црвена застава“ калибар 7,65 мм, кој го поседувал без дозвола, бил одземен од пријавениот и предаден на вештачење.
фото: Архива
