На 06.02.2020 во 18.25 часот на автопатот Тетово – Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „пежо“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.З.(58) од Тетово, товарно возило „фиат“, со струмички регистарски ознаки, управувано од З.Г.(28) од Скопје и патничко возило „рено канго“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.Б.(61) од с.Озормиште. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила З.Б.(57) од с.Озормиште, сопатничка од возилото „рено“, а со телесни повреди се здобиле возачите Т.З. и М.Б.. Тие биле пренесени во Клиничката болница Тетово за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Тетово.
фото: Архива
