ФБ статус на градоначалникот Константин Георгиески:
Општина Охрид во партнерство со општина Чепин од Република Хрватска е добитник на грант за реализација на проектот “SUN2EU”, финансиран од Европската програма „ Европа за граѓаните“ (Еurope for Citizens), мерка 2.1 збратимени градови и општини.
Проектот е во вредност од 10.080 евра. Во рамки на планираните проектни активности се предвидува одржување на конференција во Охрид во месец мај на тема: „Европска унија –очекувања и заедничка иднина“, со учество на претставници од локално заинтересирани страни од општините Чепин и Охрид.
Ова е прв проект на општина Охрид одобрен во рамки на Европската програма „Европа за граѓаните“, напиша градоначалникот на ФБ.
https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/a.351826178756325/538627786742829/?type=3&theater
