Свет

(ВИДЕО) Инцидент при пренос на пациентка со коронавирус – им испадна додека ја пренесуваа

33 годишна романка  која од Кина, каде работи како учителка, се вратила на 1 февруари, вчера се пријавила на клиниката за заразни болести во романскиот град Сучава со инфекција на дишните патишта.

Бидејќи се работело за пациентка која пристигнала од Кина, лекарите постапиле според правилата за превенција од ширење на коронавирусот и жената била ставена во изолација, а за тоа биле известени и надлежните институции, пренесува „Индекс.хр“, повикувајќи се на романски медиуми.

Но, откако пациентката била пренесена во клиниката за инфективни болести во градот Јаш, се случил инцидент.

Имено, додека медицински тим во заштитни одела је пренесувал пациентката до возилото за брза помош, во посебно изолирана носилка, еден од лекарите се сопнал и заедно со носилката паднал на земја.

Тимот брзо реагираше и ја подигна оштетената носилка, за кончено, заедно со пациентката да влезат во возилото.

https://www.facebook.com/Monitorul.de.Suceava/videos/553686765238565/?v=553686765238565

На почеток