Македонија

Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата утре ќе се изјасни дали ќе гласа за Законот за ЈО

Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата утре ќе се изјасни дали ќе гласа за Законот за Јавно обвинителство, откако изминуваат и последните денови пред распуштање на Собранието, објави Локално.мк.

Според извори на „Локално“, дел од независната осумка дала зелено светло за Законот, откако биле прифатени забелешките кои ги дале пратениците, но помал дел од нив се уште се мислат дали и како ќе се изјаснат за предложеното законско решение.

„Локално“ веќе објави дека утре или во понеделник Законот за Јавно обвинителство ќе биде доставен до собраниските служби, по што ќе оди на гласање пред да се распушти Законодавниот дом.

Текстот во целост на: Локално.мк

На почеток