Македонија

СДСМ: Го одржaвме зборот, ги намаливме трошоците за нотари и извршители

Костадин Костадинов, пратеникот на СДСМ и коалицијата, денеска изјави дека Владата го одржала зборот и ги намалила нотарските трошоци и трошоците за извршителите.

„Владата предводена од СДСМ ги усвои измените на Законот за нотаријат и Законот за извршување со што значително се намалуваат трошоците на граѓаните кај извршителите и нотарите. Трошоците за нотарските и услугите на извршителите за намалуваат за 50 до 90 отсто, а 16 различни ставки со новите тарифници целосно ќе бидат укинати.

Ова ќе значи намалување на трошоците за граѓаните кои се соочуваат со постапки пред нотари и извршители, а особено за најсиромашните граѓани кои не можат да ги платат сметките за комуналии или земале мал потрошувачки кредит.

Со ова се остварува уште една клучна мерка од предизборната програма на СДСМ и од Програмата за работа на Владата – олеснување на животот на сите граѓани во Република Македонија и намалување на трошоците“, изјави Костадинов.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток