Македонија

Укината забраната за работа на Македонци на најголемите бродови

По четиригодишна забрана за работа на Македонците на најголемите бродови во Светот кој пловат под името на компанијата „Royal Caribbean Cruise Line”, конечно, забраната е одстранета прку континуирано и максималното ангажирање на агенцијата „Коузон“ од Скопје.

Повеќе од 20 години оваа компанија вработуваше Македонци и тоа на различни работни позиции.

Вработувањата на бродските компании се значајни за македонската заедница од причина што истите се можност младите од Македонија да се стекнат со квалификации од областа на угостителството, и добро да заработат.

„Коузон“ е главен представник за вработување на брод на сите Балкански држави, и најавуваат можност за вработување на најмалку 500 Македонци на годишно ниво.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток