На 14.02.2020 околу 13.00 часот во СВР Битола било пријавено дека во експозитура на банка на ул.„Партизанска“ во Битола, П.П.(78) од Битола бил нападнат и повреден од лице вработено како обезбедување во банката. Според пријавеното, П.П. со уште неколку лица изразиле незадоволство поради затворање на еден од шалтерите, а по упатеното предупредување лицето од обезбедување го исфрлил П.П. надвор од банката, при што П.П. се здобил со тешка телесна повреда. Се работи на расчистување на случајот.
фото: Архива