Зоран Заев е нервозен и очаен човек. Фатен во криминал, тој на очиглед на целата јавност тргува како на пазар со демократските вредности, правната држава и со државните интереси на Република Македонија. Затоа угледниот Економист, Македонија со Заев ја нарекува хибриден режим. Тоа што аболицираниот Заев ќе посака, тоа парламентарното мнозинство му го удоволува, само да го спаси од идна кривична одговорност, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Зоран Заев брза да донесе Закон за јавно обвинителство за да не може скандалозните аудио бомби да не можат да се користат против него на суд.
Да потсетиме дека во Собранието на Македонија се слушна гласот на Заев како јасно и гласно кажува дека знаел за матните зделки на Боки 13, за изнудата на милиони од бизнисмени со кои се финансирала неговата телевизија, за криминалот со Меѓународниот Сојуз, но и за скандалозната изјава дека тој и функционери на СДСМ му помагале во обезбедување на пари за наводно рекламирање, далеку пред да се обзнани аферата рекет.
Што ли треба повеќе Русковска и Јовевски да слушнат за да ја прошират истрагата за милионскиот рекет. Веќе се наѕира главата на криминалниот октопод, и сите веќе знаат дека таа се наоѓа на Илинденска ББ.
Заев не само што знаел за криминалот, туку има сериозни индиции дека и свесно го помагал, а јавното обвинителство се уште молчи.
Затоа се вели еднаш пазарџија-секогаш пазарџија, без разлика дали се работи за пиперки, бостан и патлиџани, или краставици или право, правда и национални интереси. Пазарџијата Заев сега распродава се за некој ситен бенефит плус, пред да му се затвори тезгата и да одговара кривично.
На 12 април ќе следи одговорот и казната, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
фото и видео: ВМРО ДПМНЕ