Македонија

Од полноќ горивата поскапи за половина денар

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 0,84% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката од 10.02.2020 година.

Од ноќеска на полноќ на 18.02.2020 година, малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 0,50 денари/литар и сега малопродажната цена за ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 66,00 ден/лит, додека за ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 68,00 ден/лит, малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 58,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од ноќеска на полноќ ќе изнесува 46,50 ден/лит, додека малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,246 ден/кг и ќе изнесува 33,140 ден/кг.

фото: Архива

На почеток