Македонија

На денешното рочиште за „Рекет“ се гледаат снимки обезбедени со тајно снимање

Обвинителката Вилма Русковска во судницата денеска презентираше докази прибрани со посебни истражни мерки за Бојан Јовановски, првообвинет во Рекет. Тој бил тајно следен во Скопје и во Охрид.

На снимката напаравена на 1 јули 2019 година се гледа како Боки 13 со возило се упатува на улицата каде што живее обвинетата Катица Јанева, а бил снимен и пред клиниката „Жан Митрев“, на улицата Варшавска и на повеќе локации низ Скопје.

При емитување на снимките во судница, реагираше обвинетиот Бојан Јовановски кој рече дека нема доволно објаснување за тоа  кои се луѓето со кои се среќавало лицето што го следела полицијата, па рече дека тоа е ,,многу несериозно”.

фото: Архива

На почеток