Македонија

Мицкоски ги посети „ОДВ Електрик“ и „Екошпар“, разговараа за развојните планови на овие компании

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска беше во Охрид, во рамки на теренските активности кои ги спроведува партијата. Мицкоски беше во посета на производствениот комплекс ОДВ Електрик.

„Разговаравме со менаџментот на компанијата, разговаравме со вработените, ни ги кажаа своите планови за развој во иднина овде во Македонија знаете тоа е странска инвестиција која што веќе егзистира подолго време, вработува некаде околу 500тина луѓе и планот им е да стигнат некаде околу 1000 луѓе, да го зголемат производството, а  на тој начин да се зголеми практично додадената вредност во македонската економија, истакна Мицкоски.

Ние како ВМРО-ДПМНЕ ги презентиравме нашите економски политики, оние кои што веќе и се познати на македонската јавност во делот на враќање на рамниот данок и комплетното укинување на прогресивното оданочување.

Тука стануваше збор и за сите оние царински давачки кои што во овој момент им претставуваат навистина товар кој што претставува проблем, парафискалните давачки, процедурите, царинските и останатите процедури.

Но, истовремено разговаравме и за она кое што претставува најсериозен проблем и предизвик  би рекол за сите работодавачи, а тоа е да се најде суровина односно квалитетна работна сила, поради имиграцијата и поради практично сето она намалено би рекол ете  производство кое што доаѓа од образовниот систем.

Но, и за тоа ќе има дел и во програмата. Продолжуваме од тука во Екошпар каде што повторно ќе разговараме со менаџментот, потоа сме со просветните работници, ќе разговараме и со нив,, и со занаетчиите и со останатите припадници во реалниот сектор.

Очекувам успешен ден кој што на крајот ќе кулминира со состанок и една комитска вечер со раководството на ВМРО-ДПМНЕ овде во Охрид, истакна претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

фото: ВМРО ДПМНЕ

На почеток