Македонија

Три деца починаа, седум повредени од нив четворица во критична состојба

На 23.02.2020, околу 10.00 часот во с.Романовце,кумановско во куќа сопственост на Ш.А. при експлозија на плинска боца настанал пожар во кој три малолетни лица на возраст од 8, 9 и 11 години починале на местото на настанот, а шест лица се пренесени во Општа болница Куманово каде им се констатирани тешки телсени повреди но поради сериозноста на повредите истите се префрлени во Комплекс клиники„Мајка Тереза“. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица од Куманово. Известен е јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово е упатена
на местотот на настанот со цел утврдување на причините кои довеле до несреќата, велт од МВР.

Инаку  меѓу повредените има и бремена жена и уште едно дете. Седуммина повредени во несреќата при експлозијата на плинска боца во селото Романовце, во која загинаа три лица, денеска се донесени на Клиниките во Скопје. Повредените ги посети министерот за здравство, Венко Филипче.

– Двајца мажи на околу 60 годишна возраст се на Клиниката за пластична хирургија, а две жени на 40 и 45 годишна возраст се на одделот за интензивна нега на Клиниката за анестезија и реанимација. Од тројцата пациенти во старата Градска болница, една жена на 40 годишна возраст е во одделот за интензивна нега, има и помлада жена од дваесетина години која е бремена, како и едно дете кое што има мал процент на изгореници истакна министерот, истакна министрот Филипче.

фото: Архива

На почеток