Актуелно

ВМРО ДПМНЕ: Да бевме правна држава Заев наместо да пишуваше интервјуа ќе пишуваше мемоари од затвор

Да бевме правна држава Заев наместо да пишуваше интервјуа ќе пишуваше мемоари од затвор. Заев призна дека бомбите се автентични, а во нив јасно и експлицитно се гледа дека тој е врховен судија и премиер, се вели во соопштение до јавноста од ВМРО ДПМНЕ- реакција на интервјуто на Зоран Заев.

СДСМ ја укина правната држава го стави под целосна контрола правосудството со единствена цел истото да служи за амнестија на криминалите на власта.

На граѓаните на Република Македонија им е јасно зошто насила и спротивно на процедурите Зоран Заев го донесе Законот за јавно обвинителство кој треба да биде гаранција за амнестија на криминално рекетарската банда.

По 12-ти април се враќа правдата во Република Македонија. По 12 април ќе одговара Зоран Заев и сите оние кои се огрешиле пред законот како и оние кои наместо да го гонат се ставија во заштита на криминал.

Зоран Заев е главата на октоподот. И главниот сатрап на судството.

Криминалецот Зоран Заев е во исто време премиер и врховен судија

Клучен доказ дека мафијата има своја држава.

Денес Зоран Заев треба да е со лисици на раце и да одговара за своите злодела, се вели во соопштение до јавноста од ВМРО ДПМНЕ- реакција на интервјуто на Зоран Заев.

фото: Архива

 

 

На почеток