Македонија

Пендаровски: Сочувство за семејството и блиските за несреќата во кумановското село Романовце

Претседателот Стево Пендаровски попладнево на својот фејсбук профил изрази сочувство до семејството кое загуби три деца во експлозија на плинска боца во кумановското село Романовце.

-Сочувство за семејството и блиските за несреќата во кумановското село Романовце во која животот го изгубија три деца, а уште шест лица се повредени. Загубата е ненадоместлива, се надевам повредените, на кои во моментов им се пружа медицинска помош, ќе бидат добро, напиша претседателот на својот ФБ профил.

Експлозијата се случи денеска околу 10 часот во Романовце. Загинаа три деца на возраст од 8, 9 и 11 години.Попладнево почина уште едно лице кое имаше голем степен на изгореници.  Со тешки изгореници се уште шест лица, од кои две се во тешка состојба со висок степен на изгореници.

фото: Архива

На почеток