Градот Скопје денеска започна со изградба на новиот булевар „Босна и Херцеговина“ на потегот од булеварот
„Словенија“ до вкрстувањето со булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“. Истовремено, граѓаните се нервираат поради метежот во сообраќајот.
Постојната улица „Босна и Херцеговина“ е изградена пред повеќе од 40 години, со непроменет асфалт, широка само 7 метри. Оваа улица ќе прерасне во еден нов модерен булевар со должина од околу 2 км и ширина од 40 метри. Исто така новиот булевар ќе опфаќа три коловозни ленти во двата правци, петметарски зелен појас во средината, како и пешачки и велосипедски патеки од двете страни. За овој проект Градот Скопје ќе издвои 150 милиони денари, соопшти Шилегов.
-Нашата заложба е Скопје да го добие целокупниот лик онака како што е замислен во плановите. Ретко се случува градот во исто време да работи на два нови булевари. Моментално се прбива Христијан Тодоровски Карпош, а се врши и реконстукција на Партизанска, изјави Градоначалникот.
