Скопје

Шилегов за украсување на Скопје, огномет и елка ќе плати 220 илјади евра

Град Скопје распиша тендер за новогодишно украсување на градот во износ од 220 илјади евра. Овие пари ќе се платат за изработка на проект за украсување и реализација на истиот.

Јавната набавка ќе ја добие фирмата која ќе даде најниска понуда. Според техничката спецификација, со овие пари ќе се украси плоштадот и централното градско подрачје.

“Украсувањето треба да е современо и на највиско можно ниво. Треба да се постави и елка од 20 метри, но местото дополнително ќе се утврди. Треба да се обезбеди и огномет за дочек на 2019 со шест минутен огномет”, пишува во техничката спецификација.

Останува нејасно зошто Град Скопје набавува нови реквизити за новогодишно украсување на градот и не ги користи ланските. Новата набавка на 20 метарска елка е исто така спорна, бидејќи веќе има постоечка која е променета пред две-три години.

Како за споредба, за украсување на Скопје, ексградоначалникот Коце Трајановски во 2016 година потрошил близу 138 илјади евра, а пак минатата година од народното ќесе биле дадени 165 илјади денари. Оваа година, сумата која ќе се потроши е највисока.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток