Свет

(ФОТО) Во Подгорица убиен Ѓорѓије Божовиќ член на мафијашкиот Шкаљарски клан

Ѓорѓије Божовиќ член на мафијашкиот Шкаљарски клан е убиениот во експлозијата на автомобил бомба во Подгорица. Во експлозијата тешко е повреден Александар Кековиќ од Подгорица, како и една жена која се наоѓала во непосредна близина на експлозијата.

Фотографиите од местото на несреќата покажуваат дека експлозивот кој бил поставен под автомобилот имал голема разорна моќ. Црногорските медиуми јавуваат дека делови од автомобилот се пронајдени стотици метри понатаму, по дворовите на куќите и на нивните покриви.

биениот Божовиќ имал богато криминално досие, член на Шкаљарски клан од Котор и близок соработник на водачот на овој клан, Стеван Стаматовиќ, кој во јануари беше убиен во ресторан во Атина.

Атентатот се случи вчера околу 19 и 25 минути во населбата Блок 6 на улицата во близина на маркетот „Лидл“.

Двата клана Шкаљарски и Кавачки кои се пресметуваат меѓусебно се озлогласени мафијаши поврзани со трговија на големи меѓународни пратки дрога.

фото:www.cdm.me

На почеток