Лидерот на Движењето Беса, Биљал Касами, оствари работна средба со помошниот државен секретар за Европа и Евроазија, амбасадорот Филип Рикер. За својата средба во Стејт департментот Касами објави на својот официјален Фејсбук профил.
Касами за оваа средба објави на својот официјален Фејсбук профил.
“Се сретнавме со амб.Рикер тука во Стејт департментот, со него имавме еден мошне плоден разговор за развојот на настаните во Македонија, го информиравме поитуваниот амбасадор за последните случувања , за колаицијата помеѓу движењето БЕСА и СДСМ, една победничка коалиција. Имаше позитивна оценка од амбасадорот Рикер и сите дипломати тука во САД за оваа коалиција, која е коалиција за европската иднина на Македонија” напиша Биљал Касами за неговата посета на Вашингтон.
фото: ФБ