Свет

Британецот кој ја уби сопствената баба: Сигурен сум дека вработените во домот ќе го ценат мојот чин

Британецот, 33-годишниот Антони Џенингс од Илфорд, влегол во старскиот дом во лондонскиот Букхрст Хил и си ја убил својата баба, 94-годишната Руби Вилсон, со кујнски нож. Вработените во старскиот дом, по убиството, изјавија дека Британецот само кусо рекол: „Јас, едноставно, веќе не можев да го поднесам ова!“

Пред убиството во ноември 2017 година, Џенингс лежерно влегол во домот и пиел чај со својата баба. Кратко потоа, тој повторно се вратил и со кујнскиот нож ѝ го пресекол вратот. Вработените во домот рекле дека бабата била пресреќна што нејзиниот внук дошол во посета.

Џенингс, по убиството, ѝ се приближил на медицинската сестра, ја допрел по рамото и со тивок глас ѝ рекол: „Многу ми е жал. Ја убив баба ми“, а шокираната медицинска сестра го прашала дали се шегува, на што тој одговорил дека е многу сериозен.

„Сигурен сум дека луѓето и вработените во домот ќе го ценат мојот чин. На персоналот му беше тешко да се справи со таков дементен човек“, рече Џенингс.

Веднаш по немилиот настан, пристигнала полицијата, која ја повикал персоналот, и жената била пронајдена во својата соба мртва во фотелјата.

Психијатрискиот профил на убиецот покажал дека страда од шизофренија и психоза. Тој веднаш е уапсен и неговото судење е во тек, а конечната пресуда се очекува на почетокот на октомври.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток