Свет

Прв случај на коронавирус во Србија, заразен маж од Суботица

Во Србија е регистриран прв случај на коронавирусот, објави српскиот министер за здравство Златибор Лончар. Се работи за 43 годишен маж од Суботица кој во повеќе наврати престојувал во Будимпешта каде што неговата сестра имала респираторни проблеми.

Тој нагласи дека прес-конференцијата била свикана еден час по добивањето на позитивните резултати.

„Се случи она што го очекувавме сите, а беше реално и прашање на време. Го имаме првиот позитивен случај на коронавирус“, изјави Лончар.

Станува збор за 43-годишен маж од Суботица кој во повеќе наврати престојувал кај сестра си во Будимпешта, која имала симптоми на коронавирус, по што и тој ги почувствувал истите симптоми. Мажот одговорно самиот се пријавил, по што бил тестиран.

„Неговите деца биле кај бабата и дедото, и тој останал  сам со сопругата во станот со која истотака имал ограничен контакт, и му носела храна без контакт. Мажот се ставил самиот во изолација“, рече српскиот министер.

фото:

На почеток