ФБ статус на министерот за здравство венко Филипче:
Денеска посебно признание и оддаваме на медицинската сестра Маја која е дежурна во изолација на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состоби давајќи грижа на пациентите со корона вирус. Голема благодарност и до целиот персонал, посебно до сите докторки, медицински сестри и директорката Стевановиќ на Клиниката. По повод 8 Март се сретнав со докторката Катерина, се заблагодарив за посветеноста и го честитав празникот на сите жени во тимот кои се грижат за нашето здравје и здравјето на нашите најблиски. Денеска, тие се хероини на денот! Честит 8 Март!
https://www.facebook.com/filipce.venko/photos/pcb.2331959720444381/2331953647111655/?type=3&theater
