Свет

Шестмина загинати во две лавини во Австрија

Шест лица загинаа во две лавини на австриските Алпи денес, соопштија властите.

Според австриската новинска агенција АПА, лавината се урнала врз пет планинари во централна Австрија околу 9.30 часот утрово, пренесува „АП“.

Неколку очевидци веднаш повикале брза помош, но планинарите, за кои се верува дека се од Чешка, веќе биле мртви кога спасувачите стигнале до нив.

Во југозападниот дел на Австрија, настрадал еден полицаец, кој бил на обука на Алпите и бил погоден од лавина.

фото: Архива

На почеток